Хамилтон го посочи идниот шампион во Ф1

Луис Хамилтон му даде голем комплимент на возачот кој беше негова замена додека овој беше во изолација поради Ковид19.

Во болидот на Мерцедес за таа трка кога Хамилтон беше отсутен, седна Џорџ Расел, кој беше и пред провизорна победа на трката, но сплетот на околности му ја одзема најголемата радост во кариерата.

Тоа што тој го направи досега во Ф1, е сличен учинок како оној на Фернандо Алонсо. Многу талентиван возач, така повеќето талентирани тргнуваат низ Ф1 од помалите тимови па се развиваат, напредуваат. Импресиониран сум од Расел, тој има неверојатна способност и сигурен сум дека во иднина тој ќе стане шампион, го има потребниот потенцијал“, рече Хамилтон.

Британецот со последната освоена титула, застана на скалилот со Михаел Шумахер со по 7 шампионски титули.