Хамилтон доминира – Ферари со ново фијаско

Луис Хамилтон продолжи да доминира откако денес во квалификациите за ГН на Германија постави најдобро време и утре ќе стартува прв.

Британецот извозе одлично и заслужено ќе стартува од пол-позицијата, а друштво во првиот стартен ред ќе му прави, Ферстапен од Ред Бул. Веднаш зад нив ќе биде вториот пилот на Мерцедес, Ботас, како и Гасли кој беше четврти.

Од друга страна Ферари доживе ново големо фијаско. Себастијан Фетел воопшто не се пласираше во втората рунда од квалификациите откако , откако механичарите не успеаја да ги отстранат проблемите со болидот, па очекувано, Германецот беше бесе.

Ниту вториот пилот на Ферари не помине нешто подобро. Леклер исто така поради проблеми со болидот воопшто не се појави на патеката во третите квалификации, па утре ќе стартува од десеттото место.