Хамилтон даде назнаки за следниот свој ангажман

Хамилтон во текот на секоја трка во текот на изминатата сезона клекнуваше на патеката во знак на поддршка на борбата против дискриминацијата, а по смртта на Џорџ Флојд по интервенција на полицијата.

Исто така, секогаш носеше и обележја со порака против расизам. Неговата екипа Мерцедес го поддржа во сето тоа, па така и болидите беа црни во текот на целата сезона.

„Имав дополнителен мотив во себе да ги завршам сите тие трки“, изјави Хамилтон. Британецот оваа сезона го израмни рекордот на Михаел Шумахер од седум шампионски титули и стана возач со најмногу победи во Формула 1 – 95, па сега има четири повеќе од легендарниот Германец.

„Тоа беше поинаков мотив од оној кој го имав во минатото, да ги завршам трките како победник со цел да можам да ја искористам таа платформа (за Black Lives Matters) и да ја истакнам што е можно повеќе“, изјави британскиот возач.

Запрашан за тоа дали бил загрижен за реакциите на јавноста, Хамилтон истакна: „Немаше шанси да молчам за тоа“.

„И кога си го реков тоа во себе, не стравував“, додаде 35-годишниот возач. Хамилтон е единствениот црномурест возач во Формула 1.

„Има многу други црномурести деца кои заслужуваат шанса да напредуваат, да имаат добро образование, деца кои би можеле да бидат инженери или што и да посакаат. Но, факт е дека немаат иста шанса“, оцени тој.

Хамилтон навести и дека по завршувањето на кариерата сака да се заминава со активизам.