Хамилтон: Да беше овде и сега со мене Ники Лауда…

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, вчера одработи уште една драматична трка и на крајот победи, што стави до знаење дека е далеку пред конкуренцијата овие неколку сезони.

Скоро цела трка во водство беше Макс Верстапен, но кога почнаа неговите гуми да се абат, последните 5 кругови тој беше како „желка“ на патеката, и така стана лесен плен за брзата стрела на Хамилтон.

По трката, Хамилтон даде една доста интересна изјава.

Уморен сум, но среќен за резултатот кој го остваривме. Среќен сум бидејки тимот веруваше до крај во мене. Да не се овие момци зад мене, јас нема да бидам тоа што сум сега. Имав 20 секунди заостанување, но го надополнив, гумите исто така ми беа во лоша ситуација. Секој круг кој го возев последните 20, ми беше како квалификациски. Да беше овде и сега Ники Лауда со мене, ќе ми симнеше капа“, констатира Хамилтон.