Хамилтон бил на работ да не вози во Германија – по трката објаснуваше кој бил проблемот

Луис Хамилтон имал болест или грип, пред трката во Хокенхајм, па Мерцедес бил подготвен да го менува во 5 до 12.

Мерцедес на лагер го имал Естебан Окон, кој евентуално би седнал во болидот на сребрените стрели, доколку Хамилтон навистина не се чувствувал добро.

Тоа беше лош ден за мене, лош викенд, нема што друго да се каже. Веројатно најлош ден кој сум го имал во кариерата. Не знам што ми се случи тој ден да бидам искрен, но ми беше мило што заврши по трката. Им се извинувам на фановите поради мојата отсутност на трката“, порача Хамилтон.

Хамилтон имаше навистина лоша трка, не беше на крајот ни во топ10, но поради казните на неколку возачи, тој допре до бодови.

Следната трка се вози во Унгарија, на патеката Хунгароринг.