Хамилтон би можел да биде исфрлен од ГН на Велика Британија

Според пишувањата на англиските медиуми, Луис Хамилтон би можел да биде исфрлен од Големата награда на Велика Британија, која се вози во недела на 3 јули, а причината е малку бизарна. Имено, еден од најдобрите возачи во историјата влезе во отворена војна со ФИА за дозвола за носење накит за време на трките.

ФИА донесе одлука дека секаков вид накит е забранет од безбедносни причини. Одлуката стапи на сила во четвртокот наутро и ќе важи од следната трка. Дејли Мирор пишува дека оние кои ќе го прекршат ова правило ќе се соочат со голема финансиска казна, а во најлош случај и суспензија, што само може да му се случи на Хамилтон.

Поранешниот шампион наводно нема намера да го тргне пирсот од носот, а на првата прес-конференција по донесувањето на новата одлука се појавил накитен со неколку прстени и обетки. Сето тоа доаѓа како дел од протестот, според англиските медиуми, поради големиот расистички инцидент на кој тој бил жртва.

Да потсетиме, трикратниот шампион во Ф1 од 80-тите Нелсон Пике расистички го навреди Хамилтон. Пике во бразилски подкаст двапати во последователни реченици го нарече „негуињо“, што буквално значи „мал црнец“, а во Бразил тоа не се толкува како погрдно име и навреда.

“Проблемот е поголем од лингвистичкото изразување. Ваквите архаични начини на размислување мора да се променат и немаат место во нашиот спорт. Цел живот сум опкружен со такви ставови. Имаше доволно време за учење „Време е за акција“, рече тој.

Според последните информации, Пике би можел да добие доживотна забрана за присуство на трки во Формула 1. Можно е, според Англичаните, секој организатор едноставно да му ја одбие специјалната акредитација за идните трки.