Хамес Родригез има нов клуб

Колумбискиот фудбалер Џејмс Родригез најде нов клуб.

30-годишниот напаѓач денеска потпиша тригодишен договор со катарски Ал Рајан и ќе биде големо засилување за клубот.

Катарскиот тим го потврди доаѓањето на Хамес и му посака добредојде во клубот.

Колумбиецот претходната сезона ја мина во Евертон, но по заминувањето на Карло Анчелоти во Реал Мадрид стана јасно дека тој нема да остане во Гудисон.

Тој нема одиграно минута оваа сезона. Тој одлучи да замине и Катар кој може да биде последната фаза во неговата кариера.