Мерцедес го надитри Ферари на Каталуња – Хамилтон на пол-позиција

373

Двоецот на Мерцедес Луис Хамилтон и Валтери Ботас, конечно ја прекина доминацијата на Ферари на квалификациите оваа сезона, и се изборија за 1-2 за утрешниот старт на трката.

Пуленот на Ферари, Себастијан Фетел не успеа да дојде до првите две позиции, бидејки беше побавен од освојувачот на пол-позицијата 0.0132, додека зад второпласираниот Ботас заостануваше само 0.092.

Утре ќе биде прилично интересно да се види како сезонава ќе реагира ферарито кога не е на пол-позицијата, пред се знаејки дека пред нив е лутиот ривал Мерцедес.

Четвртопласиран за утрешната трка ќе биде Кими Раиконен, па следуваат Верстапен и Рикиардо од Ред Бул, на седмата позиција Магнусен, па Алонсо и Саинц до 9. позиција и Грожан како 10. пласиран.