Екипата на Манчестер Сити ја оствари очекуваната победа против Барнли во четврт-финалето на ФА Купот. Сепак, малкумина можеа да очекуваат дека конечниот резултат ќе биде 6:0.
Тимот на Барнли одлично се држеше до 32. минута кога Халанд погоди по асистенција на Алварез за водство од 1:0.
Само три минути подоцна стрелец беше ист, а овој пат асистенција беше од Фоден. Манчестер Сити на пауза замина со водство од 2:0.
Во вториот дел целосен распад на системот во тимот на Барнли. Ерлинг Халанд го комплетираше својот хет-трик во 59. минута и му донесе водство на својот тим од 3:0.
Во 62. минута веќе беше 4:0. Де Брујн постигна асистенција, а стрелец овојпат беше Алварез. До крајот на натпреварот беа постигнати уште два гола.
Најпрво Палмер, кој влезе во игра наместо Халанд, постигна гол во 68. минута. Конечниот резултат го постави Алварез во 73. минута од натпреварот.
По оваа победа Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето на ФА Купот каде заедно со Манчестер Јунајтед се главни фаворити за освојување на трофејот.
За тимот на Барнли на овој меч го немаше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.