Хакинен ја посочи најголемата грижа на Фетел – таа доаѓа од неговиот табор

Себастијан Фетел беше „под заштита“ на својот Ферари уште при првата трка од Ф1 сезоната, а тоа е нешто кое сигурно ќе го загрижи Германецот од една едноставна причина, така тврди екс возачот на Мекларен, Мика Хакинен.

Финецот верува дека Леклер беше побрз и имаше подобро темпо од Фетел во последните 15 кругови од Германецот, но дека тимските наредби од боксот спречиле предизвик на патеката и можно претекнување.

Токму тој сегмент Мика Хакинен го посочи како грижа за Фетел оваа сезона, односно еден вид на притисок во битката за титулата со двајцата возачи на Мерцедес.

Беше интересно да се види дека Леклер беше побрз од Фетел уште на првата трка, веројатно и ќе го минеше доколку не се случеа тимските наредби. Сите очекуваат Леклер да го предизвика Фетел неколкупати оваа сезона, но да имате тимска наредба уште при првата трка, тоа беше неочекувано“.

„Себастијан најдобро од сите ќе го препознае тоа. По доминацијата која ја имаа во предсезоната, Ферари како да исчезна во Австралија, имаа разочарувачка трка“, истакна Хакинен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Ферари ја губат довербата со Фетел – екс механичарот удри по Германецот

ВИДЕО: Ф1 палавковци: Незгодно за Сајнц – Рикиардо со крајно прецизен удар на болното место

ВИДЕО: По инцидентот меѓу Фетел и Верстапен – нај-моментот го има еден механичар!

Хамилтон ја одбрани Британија, дојде на 11 победи од Шумахер

Во Ферари очекувано незадоволни од Фетел: Не сме задоволни, можеше подобро!

Тод: Веќе ништо не е исто со Михаел Шумахер!

Леклер најавува дека ќе биде уште поагресивен на трките

Ма каков Хамилтон, Ред Бул го има најдобриот возач во моментов

(ВИДЕО) Страшен пад на возачот на Дукати: Петручи при 160 на час изгуби контрола