Хабиб порача: Подготвен сум за фудбал, чекам вистински понуди!

Хабиб Нурмагомедов е голем фан на фудбалот а неодамна ги заинтригира фановите на овој спорт со неговите потези.

Нурмагомедов играше ревијален натпревар, во кој учествуваше и легендарниот Кларенс Сидорф, кој сам призна дека бил воодушевен од голот на Хабиб Нурмагомедов.

По одличните пофалби, Дагестанецот решил малку посериозно да се занимава со овој спорт, а сега најавува: „Подготвен сум за деби во фудбалот. Слободен сум и се подготвувам за сите понуди!“, порача Нурмагомедов.