Хабиб доаѓа во соседството на Македонија

Претседателот на боксерската асоцијација на Србија, Ненад Боровчанин и Хабиб Нурмагомедов постигнаа договор според кој шампионот на УФЦ ќе дојде во Србија.

Хабиб ја обезбеди титулата во лесна категорија УФЦ во саботата вечерта со победа над Гаетже, но се прости набргу по борбата и рече дека и ветил на својата мајка дека нема да се бори повторно, сега откако го загуби татко и поранешниот тренер.

“Честитки за Хабиб Нурмагомедов за сè што направил во неговата кариера, а најмногу од сè вреди да му покажеме на светот што значи да се биде голем човек! Наскоро ќе бидеме домаќини во Србија”, напиша Боровчанин на Фејсбук со снимка од разговор со “Орел од Дагестан” .

„Поздрав за Србија, се гледаме наскоро, кога и да рече Ненад и кога и да се договориме, јас сум подготвен да дојдам да го посетам“, рече Нурмагомедов во видео разговор со првиот човек на Боксерската асоцијација на Србија.