Гвардиола загрижен поради тоа што негови пријатели можат да лежат во затвор поради Каталонија

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше по повод инцидентите во Каталонија, а истакна и дека таму има некои блиски пријатели на кои сега им се заканува казна затвор.

Не знам што ќе се случува утре со мојата Каталонија, се затвараат луѓе, имам пријатели кои можат да минат по десетина години во затвор, само поради тоа што гласале. Европа мора да се вмеша во ова и да го реши овој конфликт“.

„Јас ги бранам човековите права и би ги бранел каде и да одам по светот, важно е да се избориме против расизмот и секаков вид на дискриминација“, порача Гвардиола за Марка.

Поради овие инциденти во Каталонија, беше одложено и Ел Класико кое требаше да се одигра наскоро.