Гвардиола: Луѓето мислат дека секогаш мораме да победуваме со 4:0

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не е реално англискиот клуб секој натпревар да го добива со 4:0, пренесуваат британските медиуми.

Лајпциг и Манчестер Сити одиграа без победник, 1:1 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

„Среќен сум поради играта, не само поради првото полувреме. И што очекувавте? Да играме пријателски натпревар овде? Колку натпревари на Лајпциг сте гледале? Колку? Луѓето мислат дека секогаш треба да победуваме со 4:0! Тоа не е реалност! Извинете, не можеме.

Во оваа фаза од натпреварувањето останаа само најдобрите екипи. Ова е наш четврти натпревар во последните десет дена. Многу гостувања, патување, луѓе и очекувања. Без разлика на се што се случи синоќа, сепак сме добар тим кој работи напорно. Направивме многу добри работи и ќе продолжиме во таа насока“, изјави Гвардиола.