Ѓуроски прв стрелец во победата на Аликанте!

Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски го предводеше својот тим до првата победа во новата сезона од Втората лига на Шпанија (ЛЕБ Оро).

Аликанте ја совлада Љеида со 82:65, а нашиот крилен играч партиципираше со 13 поени (3/5 за два, 2/6 за три, 5/11 од линијата за слободни фрлања), најмногу во домашниот тим. Меѓу другото, гостиварецот имаше неколку атрактивни потези со кои ја „запали“ малубројната публика во салата.

По две кола Аликанте е на делба првото место на табелата во групата Б од ЛЕБ Оро, со максимален ефект. Во првиот круг ја совлада Жирона, а сега славеше против Љеида.