Ѓуроски: Грижете се за себе и најважно, останете дома!

ешки денови се за сите, па и за нашите интернационалци кои до пред извесно време беа на кошаркарските терени надвор од нашата држава,кои мораа да се снаоѓаат како да се вратат дома по избивањето на оваа елементарна непогода наречена коронавирус.

COVID 19 ги сопре сите спортски активности, а нашиот репрезентативец го стави во самоизолација 14 дена во неговиот дом во Скопје.

По првата „помината“ седмица, Стојан Ѓуроски испрати и порака до своите клупски соиграчи, и другиот стручен и технички персонал во Алм Евре Баскет, кој ја стави на клупскиот фејсбук профил:

Здраво на сите!

Поради ситуацијата со вирусот, решив привремено да го напуштам Евре и да се вратам во Македонија, непосредно пред да ја затворат границата. Беше многу стресно и тешко да се донесе оваа одлука, но сакав да бидам блиску до моето семејство во овие тешки времиња.

Значи 14 дена, дома сум во карантин каде што не можам да излезам или да добијам посета.

Како сè уште да живеам во Евре бидејќи ги гледам само моите пријатели и семејство на Facetime. Секој ден изгледа исто и поминувам многу време на Netflix, читање книги или вежбање.Се надевам дека ситуацијата ќе се врати во нормала што е можно побрзо и ќе можеме повторно да ја започнеме сезоната.

Грижете се за себе и најважно, останете дома!

Можеме да го направиме тоа!