Грузијците по враќањето во татковината пречекани како херои

Репрезентацијата на Грузија постигна историски успех на Европското фудбалско првенство во Германија.

Во нејзиниот прв настап на големо натпреварување по распадот на СССР, таа стигна до нокаут фазата каде што беше запрена од Шпанците. Тимот на Вили Сањоло на тој начин влезе во 16-те најдобри на континентот.

На стартот од групната фаза беа поразени со 3:1 од Турција, потоа ремизираа 1:1 против Чешка, а во последното коло победија со 2:0 против Португалија, која тогаш веќе го имаше обезбедено првото место.

Голманот Мамардашвили и офанзивците на Наполи и Мец Хвич Кварацхелија и Жорж Микаутадзе прикажаа одлични перформанси.

По враќањето во татковината беше организиран голем пречек во главниот град Тбилиси.

Улиците околу Плоштадот Слобода беа исполнети со илјадници обожаватели, а играчите беа пречекани на сцената од претседателот Саломе Зурабишвили и на секој од нив им беше доделен Орден на честа, една од највисоките цивилни почести во земјата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО