Македонија започна со своите настапи на Европското првенство. Нашата репрезентација во унгарски Дебрецин веќе го одигра својот прв натпревар и загуби од Словенија со 25:27, но самиот настап привлече внимание во Грција.
Веќе стандардно, нашиот јужен сосед има еден куп банални забелешки. На Грците повторно го посочуваат истиот проблем како и во јуни минатата година за време на фудбалското Европско првенство. Им боде очи тоа што како и ФФМ, така и РФМ го нема сменето своето име во согласност со Преспанскиот договор.
Но, не е само тоа. На Грците им смета и „МКД“ кодот кој патем се уште е признаен и и припаѓа на Македонија, но најмногу од се ги налутија натписите од страна на ЕХФ на нивните профили на социјалните мрежи каде Филип Талески го нарекоа Македонец.
Повеќе од јасно е дека Грците нема да се помират со некои работи, па ќе ја користат секоја шанса за да се жалат за се што нема да им се допадне.