Грожан: Не ми беше време за умирање

Роман Грожан треба да биде среќен што ја преживеа последната трка и што системот Хало буквално му ја спаси главата.

Грожан освен полесните изгореници на рацете, полека но сигурно се опоравува и по инцидентот испрати порака.

Среќен сум што сум жив, сега работите ги гледам поинаку. Тоа што излегов од пламенот може да ми го одбележи животот и кариерата. Размислував за многу работи кога видов странично како избива пламен. На момент низ мозокот ми мина и ситуацијата со Ники Лауда. Веднаш излегов бидејки бев свесен, а веднаш почувствував дека некој ме влече за ракавот кон банкината и веќе бев сигурен дека сум на безбедно“, порача Грожан.

Токму системот Хало кој е ставен пред главата на возачите е со функција да ги штити возачите а во овој случај тоа му го заштити животот на Грожан.