Гризман се збогуваше со Меси

Гризман, исто така, се прости од Меси на својот профил на Инстаграм со неколку емотивни зборови во кои потврдува дека Аргентинецот бил неговиот пример.

Заминувањето на Меси ги погоди сите во Барселона, а неговите соиграчи веќе два дена се збогуваат со Аргентинецот, кој во вторник во Париз ќе биде претставен како големо засилување на ПСЖ.

Аргентинецот се договори со францускиот гигант, ќе добие 40 милиони евра за договор 2 + 1, 30 милиони бонуси и којзнае што друго …

“Можам само да го кажам она што го мисли секој љубител на фудбалот – БЛАГОДАРАМ! Благодарам за се што направивте за Барселона, за овој град и клубот. Се се промени. Сигурен сум дека нема да се збогуваме,ќе се гледаме подоцна и повторно ќе те донесе пат во Барселона “, напиша Гризман.

“Ви посакувам се најдобро, вие и вашето семејство да бидете среќни каде и да одите. Многу малку луѓе знаат како е да се биде Меси и ти беше пример за мене во секој поглед”, додаде Французинот.