Грилиш најмногу се израдува за победата на Вила – ја тргна од себе „клетвата“

Фудбалерите на Астон Вила го победија синоќа Евертон на домашен терен со 2:0, и на тој начин ја прекинаа црната серија која траеше долго без победа во Премиерлигата.

Астон Вила, повратникот во ПЛ, оствари прва победа уште од далечната 2016 година, а нејзин херој беше Џек Грилиш, кој конечно дојде до триумф по поставувањето рекорд од 20 порази по ред во Премиерлигата. Овој фудбалер важеше за најголем малер.

Вила апсолутно заслужено дојде до победата, но карамелите можат да жалат за шансите кои ги пропуштија на оваа средба.

Првиот гол падна во 21. минута од голема шанса, Весли беше стрелец, додека 2:0 како резултат дојде во самиот финиш кога Ел Гази беше стрелец.