Арсенал во дербито против Тотенхем на домашен терен, успеа да дојде само до бод.
Иако „топчиите“ два пати први доаѓаа до предност, Тотенхем некако преку Сон успеваше веднаш да возврати и на крајот бодовите да ги поделат.
Тотенхем еден гол постигна од директна грешка на Жоргињо од дресот на Арсенал, а токму за тоа, Артета беше прашан по натпреварот.
„Сите сме со Жоргињо, го сакаме и стоиме зад него. Понекогаш се прават грешки, но сите сме зад него затоа што веруваме во него. Грешките се дел од фудбалот“, порача Артета.
Тој посочи дека се разочарани бидејки смета дека можеле и морале да победат.
„Очигледно сме разочарани од начинот на тоа како ги примивме головите, грешките како што реков се дел од фудбалот, мора да се носиме со тоа и да гледаме напред. Очигледно имавме лоша среќа“, се надоврза Микел Артета.