Градоначалникот на Штип го нарече Павлов македонскиот Меси

Емил Павлов, најдобриот македонски каратис откако во Премиер лигата во Москва го освои златнииот медал со шест победи, денес имаше прием кај градоначалникот на Штип, Благој Бочварски

На приемот присуствуваа и еден од тренерите Жарко Арсовски и претседателот на Комисијата за спорт во Советот на општината, Елмир Мандак.

За успехот, Бочварски на Павлов му даде еднократна парична помош во вредност од 500 евра и најави дека во идната години во Буџетот ќе се планираат средства за најдобрите резулатати на спортистите, со одредени критериуми.

Градоначалникот Бочварски истакна дека е горд на постигањата на Емил Павлов и го нарече македонски Меси, македонска спортска икона, пренесуват „Штипски асови“

Емил Павлов се заблагодари на градоначалникот за приемот и вети нови успешн и резултати и пласман на ЛОИ во Токио.