Градоначалникот на Париз не сака Руси на Олимпијада

Градоначалничката на Париз, Анe Идалго, рече дека се противи на присуството на руски спортисти на Олимпијадата во 2024 година се додека има војна во Украина.

Ова го соопштија нејзините соработници по интервјуто за Франс Инфо.

Идалго на крајот на јануари изјави дека е за учество на руски спортисти под неутрално знаме на Игрите во Париз во 2024 година.

Таа тогаш изјави дека спортистите не треба да бидат лишени од конкуренција, што е компромис, кој сега го смета за „непристоен“.