Граџан останува верен на Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека постигна согласност за продолжување на договорот со ракометарот Елмир Граџан за уште една сезона.

Интернационалецот од Босна и Херцеговина ќе го носи дресот на битолскиот клуб и во сезоната 2021/22.

„Влегувам во петтата година во Битола. Задоволен сум од градот, луѓето многу добро ме прифатија, како и во клубот. Очекувам и следната сезона да бидеме успешни, да бидеме поуспешни и да донесеме некои титули во Битола.

Ова беше чудна сезона за сите нас. Игравме пред празни трибини против големи екипи како ГОГ Гудме, Вардар и многу други и моравме да се бориме без нашиот дополнителен играч, „Чкембарите“. Се надевам дека следната сезона и во тој правец ќе биде подобро и навивачите ќе ни помогнат за остварување на нашите планови“, изјави Граџан.