Гостивар победата ја посвети на загинатите, па по мечот порача: Вечерва и НБА тим да гостуваше, ќе беше поразен

Кошаркарскиот клуб Гостивар вечерва пред своите навивачи славеше над Блокотехна со резултат од 98-86. Ова беше прв домашен меч за Гостивар по кобната  автобуската несреќа на 13 февруари во која настрада 15 патници.

Меѓу починатите беше кошаркарот на Гостивар,  Јовица Трпевски.

„Нема зборови со кои може да се надокнади болката и тагата. Трагедијата силно не погоди сите во клубот, впрочем ние постоиме за публиката и градот, многу од настраданите беа наши поддржувачи. Сите во КК Гостивар беа одлучни првиот натпревар после трагедијата во Гостивар, ќе се игра за настраданите. Вечерва и НБА тим да гостуваше, ќе беше поразен. Благодариме на публиката и сите кои придонесоа за оваа победа“ изјавија од КК Гостивар по мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Перо Антиќ каков што ретко го имате видено

(ВИДЕО) „Воините“ никогаш не се предаваат, добија загубен натпревар

Работнички со порака по назначувањето на Антиќ за претседател на КФМ

Блокотехна со пеколен финиш се враќаше од негатива и изненадување против Кожув

(ФОТО ВЕСТ) Каевски прв му честиташе на Перо Антиќ

Перо Антиќ: Со добра стратегија и програма ќе ја вратиме кошарката на вистинскиот пат

Перо Антиќ е нов претседател на МКФ

Официјално: Северна стана и македонската кошарка

ВИДЕО: Кога стариот ќе се налути – Пешиќ го прати својот кошаркар во соблекувални пред полувреме