Господин во копачки: Иниеста покажа дека се уште има магија во нозете

Искусниот шпански фудбалер Андрес Иниеста е на залезот на кариерата, но сепак има магија во нозете.

Иниеста најголемиот дел од кариерата го мина во дресот на Барселона со кој освои се што можеше.

Тој остави голема трага и во шпанската репрезентација со која исто така освои речиси се, а засекогаш ќе остане запаметен по голот во финалето на СП 2010 против Холандија кога на Црвената фурија и ја донесе титулата светски првак.

Иниеста пред три години по истекот на договорот реши да ја напушти Барселона и ја прифати понудата од далечната Јапонија.

Тој потпиша договор со Висел Коби за кој се уште настапува, а има соработка до 2024 година. Иако веќе има 37 години, Иниеста не размислува за пензија и се уште ужива на теренот.

Минатиот викенд неговиот клуб играше против Јокохама на домашен терен и беше поразен со 2-0, но Иниеста поради својата мајсторија се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност.

Иниеста покажа дека се уште има магија во нозете, и дека лесно ги решава дуелите на теренот и потсети на своите најдобри денови.