Ѓорѓиев: Ние сме мала држава, но имаме големо срце, златото е повторно дома!

Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓорѓиев, по четврти пат во кариерата ја освои титулата во кикс бокс, во дисциплината лоу-кик.

Во финалето Ѓорѓиев беше подобар од босанскиот претставник Дробњак со уверливи 3:0 во рундите.

Тој по освоениот златен медал, испрати јасна порака до нацијата и навивачите:

Златниот медал е повторно дома. Сакам да се заблагодарам до сите луѓе што искрено се израдувавте на оваа наша победа. Благодарам до мојата фамилија, девојка ми што мора да ме трпи🙆🏻‍♂️🥰, сите мои подржувачи низ цела моја кариера и мојот тим од КБК Работнички Адора и WAKO MACEDONIA. Можеби сме мала држава но повторно докажавме дека имаме најголемо срце!“, стои во емотивното обраќање на Ѓорѓиев до нацијата.