Ѓорѓевиќ за тоа како да одиграат сега против „Америте“ кои толку ги посакуваа

Селекцијата на Србија која разочара на СП во кошарка, сега ќе има дуел со толку посакуваната селекција на Америка за пласман од 5 до 8 позиција.

Селекторот на нашиот сосед, Александар Ѓорѓевиќ, истакна дека тоа би бил натпревар за добивање на самодоверба и престиж.

За нас тие се голем противник. Искрено, се подготвувавме за нив, но повеќе и за мечот со Франција. Очекувавме овие мечеви да ни донесат Олимписки игри. Но до тоа нема да дојде“.

„Ова ќе биде натпревар за престиж, за гордоста на навивачите, за една вистинска кошаркарска војна. Како да одиграме против нив? Па, пред се мора да одиграме храбро и пред се паметно, како секогаш до сега. Што се однесува до поразот од Аргентина, на сите им е жал, сите посакуваа да одиме до крај. Сите се подготвувавме за тоа цело лето, но не е лесно кога ќе постигнете таков негативен резултат. Сите носиме гордост, но и тага“, рече Ѓорѓевиќ.