Ѓорческа уверливо до финале на турнирот во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на Фјучрс турнирот кој деновиве се одржува во Анталија.

Тенисерката од Тетово успеа лесно да ја победи својата ривалка од Украина, Мариана Закарљук со 6:2, 6:3 и да си закаже пресметка со Орпана Она од Финска, која е трета носителка на овој турнир.

Наградниот фонд на овој турнир е 15.000 долари, а финалето ќе се одигра в недела во утринските часови.