Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа беше поразена во финалето на турнирот во Рим од Русинката, Оксана Селекметева со 2-0 во сетови.
Ѓорческа со освоен брејк влезе во мечот, но потоа загуби шест гема по ред и дозволи Селекметева со убедливи 6-1 да го добие првиот сет.
Во вториот сет имаше многу поголема борба. Лина освои шест гема, но толку имаше и Селекметева, па се играше тајбрејк во кој Русинката беше подобра со 7-3 и дојде до победата од 2-0 во сетови.