Ѓорческа го освои турнирот во Грузија во дубл конкуренција

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, успеа да триум фира на ИТФ фјучерс турнирот во Грузија да триумфира во игра во двојки.

Ѓорческа заедно со својот партнер, Валери Срахава од Украина, успеаја во финалето да слават, иако по првиот сет губеа, но сепак со пресврт дојдоа до триумф.

Првиот сет го загубија со 6:4, веднаш потоа возвратија во ист стил за егал и на крајот победија во тај-брејк со 10:5.

Секој трофеј е значаен за Ѓорческа, ова е нејзин 43-ти во кариерата.