Голот на Металург ќе го брани екс чуварот на Вардар

Екипата на Металург продолжува да го составува новиот ростер на тимот. На ред дојде и голманската позиција откако истата остана испразнете по заминувањето на Томовски во Германија и Даниловски во Охрид.

Нов чувар на мрежата на тимот од Автокоманда е Даниел Ѓорѓески кој доаѓа од Битола каде што зимово се пресели во Пелистер, но мина неславно со суспензија.

Инаку Ѓоргиески е дете на Вардар каде што безмалку ја мина цела кариера, но никогаш не доби вистинска шанса да го покже својот квалитет.

За потсетувањер, досега за Металург потпиша Реваз Чантурија, Милан Поповиќ, Лука Вујовиќ и
Маријан Мариќ.