Голот на кариерата на напаѓачот, кој му отстапи место на Кристијано Роналдо

Кога Кристијано Роналдо дојде во Ал Наср, тимот од Саудиска Арабија го напушти дотогаш најдобар стрелец и играч Винсент Абубакар.

Камерунецот подоцна призна дека Роналдо сакал тој да остане.

Тој се пресели во Бешикташ и таму игра одлични партии, а денеска постигна гол за паметење на натпреварот од 26. коло на турската Суперлига против Истанбулспор.

Бешикташ победи со 3:1 во малото градско дерби, а во 56. минута го постигна веројатно најубавиот гол во кариерата.

Ова ремек дело дефинитивно мора да го погледнете, а сигурни сме дека и самиот Роналдо ќе биде импресиониран доколку го погледне.