Големото влијание на Швајцарецот: Федерер ургирал да се суспендира АТП календарот

Поради ситуацијата со корона вирусот, откажани се сите ВТА и АТП турнири до 7 јуни, а се почна од Мастерсот во Индијан Велс кој требаше да се игра на почетокот од март.

Еден од членовите на АТП, Марк Ноул откри дека најголемо влијание за ваквата одлука имал Роџер Федерер иако тој требаше да паузира најмалку до сезоната на трева поради неодамнешната операција.

„Роџер беше еден од првите кои не контактираа за да се увери дека ќе биде направена вистинската работа“, изјави Ноул.

Злобниците велат дека Федерер тоа не го направил од човечки причини, туку за да биде суспендирана и АТП листата со цел Новак Ѓоковиќ да не може да го собори неговиот рекорд по бројот на недели на првото место.