Големо изненадување во Сингапур: Саинц на пол-позиција, Ред Бул ги нема во топ10

На големо изненадување на „Тифозите“ на Ферари, Карлос Саинц ќе тргне од челната позиција на утрешното ГП во Сингапур.

На оваа патека фаворити пред овој викенд беа возачите на Ред Бул, па и Мерцедес, но двете екипи имаа послаби квалификации од Ферари, кој изненадно покажа добри перформанси.

Шпанскиот возач постави време од 1:30:984, што беше доволно за утре да ргне од првата позиција, додека на втората позиција ќе стартува Џорџ Расел од Мерцедес, кој доцнеше само 0.072 илјадитинки. Од третата позиција ќе стартува Шарл Леклер.

Во топ10 за утрешната трка следуваат уште и Ландо Норис, Луис Хамилтон, Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо, Естебан Окон, Нико Хулкенберг и Лијам Лосон.

Што се однесува до возачите на Ред Бул, тие имаа квалификации за заборав, па на утрешната трка ќе имаат многу работи при обид да ги минуваат противничките болиди, ќе стартуваат од 11. односно од 13. позиција (Верстапен и Перез).