Големо фудбалско име во Милан – под еден услов

Сегашниот претседател на Милан, Паоло Скарони, истакна дека „росонерите“ наскоро можат да добијат мега засилување, во смисла ако има простор за тоа, односно ако е во регулатива со финансискиот фер плеј.

Милан иако изминатиот период вложуваше доста во кадри, сепак го допреа највисокото дозволено ниво кое го доволува финансикиот фер плеј, па поради тоа што работат во некаков минус како што рече УЕФА, имаат одредени пречки до остварување на големи трансфери.

„Работиме напорно со Газидис на две полиња, фудбалскиот аспект и финансискиот. Кога среќавам голем дел од навивачите на нашиот клуб, не прашуваат дали ќе купиме или зошто не ангажираме големо име, јас можам само да им кажам дека ако дозволува финансискиот фер плеј, ќе ангажираме некој познат играч“.

„Исто така им го објаснувам механизмот кој треба да ни дозволи да купиме играчи, во паралела на клупските ресурси и профитот кој ќе го правиме. Фудбалот насекаде се менува и ние мора да се прилагодиме на тоа“, констатира Скарони.