Големо е неговото име – тој и понатаму е опасност на големите турнири, но..

Мали се шансите Рожер Федерер да триумфира на Ролан Гарос, но сепак тој не треба да биде отпишан.

Така смета Патрик Мекинро, кој верува дека неговото име е се уште големо и реална опасност по дел од големите турнири.

Рожер не би се појавувал така лесно по турнирите, да не мисли дека може добро да игра. Но прашање е дали може да освои уште некој турнир. Дури и кога тој беше на својот пик од во кариерата, тој беше втор најдобар на земјена подлога. Неговата цел до крај на сезоната сигурно ќе биде да одигра добар турнир и да стигне максимум што може, но ќе има желба и да го освои РГ“, смета Мекинро.

Никогаш не треба да ги потцените големите тенисери, а Рожер е навистина голем, тој кога игра најдобро, за мерак е да го гледаш какви потези прави по теренот“, се надоврза Мекинро.