Големиот шампион нема мир од профитерите – Корина дури повикала и полиција

Англискиот весник Мирор, тврди дека се појавија фотографија од болничкиот кревет на Михаел Шумахер, фотографија која е направена во неговата резиденција во Швајцарија, поточно во Женева.

Повеќе од 6 години Михаел Шумахер буквално „вегетира“ и за него нема достојни информации околу неговото здравје.

Бидејки многупати се шпекулираше со неговото здравје, сега одредени весници тврдат дека постојат и фотографии од тоа како изгледа Михаел во овој момент.

Фотографијата била понудена на одредени медиуми за повеќе од милион фунти, но штом таа информација дошла до семејството Шумахер, сопругата на Михаел, Корина Шумахер, веднаш повикала полиција и случајот им го пријавила, за да се спречи фотографијата доколку навистина постои, да се најде на црниот пазар.