Големиот борец Стоилов имаше успешна операција на носот во Аџибадем Систина

Капитенот на Вардар, Столе Стоилов, деновиве ги искористи за да се подложи на хируршки зафат на неговиот нос.

Ионака ракомет деновиве не се игра, па Столе Стоилов реши да го корегира својот нос со кој имал проблем изминатиот период. Тој се оперираше во болницата Аџибадем Систина.

Воопшто не се двоумев каде да побарам стручна помош, знам дека овде здравјето го препуштам во најдобри раце. Д-р Лазаревски е исклучителен професионалец, се чувствувам одлично по интервенцијата. Затнатиот нос и проблемот со дишењето што го имам веќе подолго време беа навистина голема пречка за мене како спортист и среќен сум што го надминав и овој проблем. Во услови на пандемија на коронавирусот се чувствував 100% безбеден, бидејќи тука се почитуваат сите правила за заштита како пациент“, порача Стоилов.