Големата легенда од Бразил покажа класа и веднаш му честита на Модриќ

Многумина од актуелните играчи кои конкурираа за годинешнава Златна топка, не се согласуваат со изборот за победник на Златна топка, но има и легенди од фудбалот кои веднаш му честитаа на Хрватот.

Лука Модриќ синоќа беше крунисан во нов владетел на Златната топка, по прв пат тоа го прави еден хрватски фудбалер.

Но бразилскиот фудбалер Роналдињо, ја покажа својата префинетост и класа.

„Честитки Лука, имаше фантастична година и тоа како ја заслужи оваа награда“, порача бразилската фудбалска икона, во спротивност од она што многумина и не сакаа да му честитаат на Модриќ.