Голема вест: Серхио Перез следната сезона ќе вози во моќен Ф1 тим

Ред Бул реши за новата сезона да ја промени возачката структура, па така покрај Макс Верстапен, од следната сезона ќе вози и Серхио Чеко Перез, кој неодамна ја оствари и својата прва победа во Ф1.

Мексиканскиот возач сезонава возеше за надежниот Рејсинг Поинт, но поради истекот на неговиот договор, тој мораше да „лета“ од Ф1, па за негова среќа, Ред Бул го повика во својот табор, со тоа што ќе извиси следната сезона Алекс Албон.

Младиот Алекс Албон не се искажа баш најдобро оваа сезона, па во Ред Бул не сакаат да ризикуваат, па си повикаа искусен возач.

Ова буквално беше последната шанса за Перез и следната сезона да вози во Формула 1, а дефинитивно коцките му се посложија со повикот од Ред Бул.