Голема вест од „Олд Трафорд“ – остварената големата цел! Догодина силен и константен Јунајтед

Остварена е една голема цел на „Олд Трафорд“ – обезбеден е потписот на Единсон Кавани и за следната сезона.

Кога минатото лето доаѓаше во Манчестер, Кавани за управата на Јунајтед беше пролазно решение, но се покажа дека ветеранот има што да понуди уште на теренот и уругвајскиот ас ги купи срцата на навивачите.

По низата шпекулации дека тој заминува да игра за Бока Јуниорс во Аргентина, сепак тоа ќе се испостави дека не е вистина, Кавани останува уште една сезона во Јунајтед.

Тој се договорил со управата на Јунајтед, да остане и следната сезона на „Олд Трафорд“, со цел да им помогне на младите уште повеќе да се интегрираат во овој тим на Јунајтед, посебно тоа важи за младиот Гринвуд, од кого водечките луѓе очекуваат тој да собира драгоцено искуство.

Фабрицио Романо беше повторно еден од најбрзите кој ја објави оваа вест пред останатите, па според неговото тврдење, Кавани ќе заработи догодина 250.000 фунти неделно.

Официјалното известување до медиумите ќе се случи во следните 24 до 48 часа.