Големо разочарување за младата Камила: Паѓаше на ледот и целосно разочара

Руската натпреварувачка во уметничко лизгање, 15 годишната Камила Валиева, не успеа да освои злато во поединечна конкуренција на ЗОИ во Пекинг, затоа што направи неколку грешки, бидејки имаше падови, поради што воопшто не освои медал.

Нејзиниот настап требаше да биде врв на ОИ во Пекинг, но наместо тоа, таа паѓаше најмалку четири пати, а додека го напушташе ледот, се покажа колку и е тешко.

Оваа девојка последните денови беше во центарот на случувањата поради позитивниот допинг тест на кој паднала во декември, а по сето тоа и жалбата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), на крајот доби дозвола од Судот за спортска арбитража да се натпреварува.