Голема промена во составот на Милан за мечот против Рома

Милан вечерва ќе биде домаќин на Рома на Олимпико, а тренерот Стефано Пиоли, наводно, решил да направи една неочекувана промена.

По силните критики, Пиоли реши да го остави капитенот на Милан, Алеси Ромањоли на клупата, па стоперскиот пар ќе го сочинуваат Симон Кјаер и Фикајо Томори, кои неодамна дојдоа од Челси.

Ромањоли навистина имаше лоши игри на некои од последните натпревари, особено против Специја и Интер во порази, па ќе се „олади“.

Пиоли застана во одбрана на Ромањоли, велејќи дека грешките се составен дел од животот, но еден ден подоцна тој реши да го казни и да го испрати на клупата.