Голема полициска акција во Белгија, Монако и во дел од Лондон: Сомнителен трансфер и перење пари!

Во тек е голема полициска акција во дел од Лондон, Монако и во Беглија, поради сериозни индиции и сомнежи дека познати играчи учествувале во перење пари.

Една од главните мети за оваа рација или акција на интерпол и жандармеријата во Белгија, е Александар Митровиќ, кој сега настапува во Белгија.

Полицијата дури влегла и во просториите на Андерлехт.

Истражителите потврдија дека во акцијата е уловен неименуван менаџер и неговиот асистент, но не се споменува неговото име, како ни името на играчот кој го застапуваат.

Агенцијата Франс Прес верува дека апсењата имаат поврзаност со трансферот на Митровиќ во Њукасл.