Голема победа за уште поголем мотив и поттик – Алушевски искоментира и за критиките кон него

Вардар вечерва заслужено го победи и надигра фаворитот Фленсбург со 31:26.

Германската екипа барем на хартија дојде во Скопје како фаворит, но некогаш теоријата и пракса се сосема две различни работи на терен.

По натпреварот, тренерот на Вардар им честиташе на своите ракометари за одличната претстава на терен и испрати меѓу редови порака до критичарите.

Ова е победа која сигурно ќе ни даде поттик во иднина да бидеме уште подобри. Им честитам на моите момци, немавме натпревар повеќе од еден месец, а подготвени го дочекавме овој меч. Но нема време за опуштање, пред нас е мечот со Порто, па и таму да одиме на победа и два бода“.

Околу критиките, Алушевски се осврна со свој коментар и видување:

Сите се паметни по војната, имавме многу критики изминатиот период, но истакнав дека својата работам ја работам максимално и посветено. Се надевам дека иво иднина ќе имаме натпревари како со Фленсбург“, порача Алушевски.