Голема одлука на Евролигата околу Партизан и Црвена ѕвезда

Евролигата ги објави имињата на 18-те тимови како идни учесници во нивното првенство.

Меѓу нив како што се најавуваше ќе бидат и белградските ривали Партизан и Црвена ѕвезда, одлука која е дочекана со овации во соседството.

Акционерите на елитното кошаркарско првенство (клубовите) на состанокот дефинитивно ја потврдија одлуката за која долго се шпекулираше, дека двата клуба од Србија имаат место во Евролигата.

Очекувано отпадна Валенсија, која ќе се натпреварува во Еврокупот, а на нивно место влета освојувачот на Еврокупот минатата сезона, Париз.

Конечно дојде и крај на шпекулациите околу тоа дека вечните ривали нема да ги одмерат силите идната сезона во Евролигата, а сега е потврдено дека повторно ќе имаат два дуела во Европа.

Екипите кои се учесници за следната сезона во Евролиата се: Партизан, Ц.Ѕвезда, Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Панатинаикос, Олимпијакос, Асвел, Париз, Фенербахче, Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Виртус Болоња, Монако, Макаби Тел Авив, Жалгирис, Баерн Минхен, Алба Берлин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО