Голем удар за Чикаго Булс: Еден од најважните играчи ја заврши сезоната

Американскиот кошаркар Зек Лавин, ќе го пропушти остатокот од сезоната во НБА првенството, а тоа претставува сериозен удар за Чикаго Булс.

Лавин ќе подлегне на операција, поради која ќе биде спречен да игра до крајот на сезоната, пренесоа американските медиуми.

Првите проценки според новинарот Шам Чарани се дека тој ќе отсуствува од 4 до 6 месеци.

Лавин се повредил на натпреварот против Торона на 19. јануари. Очекувањата првично беа дека ќе паузира само 3-4 недели, но подоцна се испостави дека повредата е посериозна од тоа што се претпоставуваше и дека сезоната за него е завршена.

Тој сезонава одигра 25 натпревари, просечно бележеше по 19,5 поени, 5,2 скокови и 3,9 асистенции по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО