Голем удар за Олимписките игри, една земја го повлече целиот свој тим

Во денот кога во Токио е забележан најголемиот број на новозаразени со коронавирус, тимот на Гвинеја одлучи да се повлече од Олимписките игри поради страв по здравјето на нивните спортисти.

Оваа одлука ја потврди министерот за спорт во оваа африканска земја и со тоа ги подгреа сомнежите во одржливоста на најголемиот спортски настан ова лето.

Претходните денови можеше да се чујат најави дека малата западноафриканска држава би можела да се одлучи на ваков чекор, иако дел од делегацијата веќе пристигна во Јапонија.

Интересно е дека овој тим имаше само петмина спортисти, а ова ќе биде третпат Гвинеја да нема свои претставници на Игрите.

Првиот пат тоа се случи во 1972 година во Минхен и четири години подоцна во Монтреал.